В сабота (утре) со почеток во 19 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се одигра големото ракометно дерби помеѓу Охрид и Струга. Без разлика, што двете екипи играат во плејаутот, дербито носи своја убавина, а победата е слатка и долго се памети.

Не очекува „Езерското“ дерби со Струга на домашен терен кој ќе биде меч за престиж и за уживање на публиката во „Билјанини Извори“. Ќе атакуваме на победа, бидејќи само така можеме да им се оддолжиме на „Рибарите“ и гледачите кои цела сезона не бодреа. Двете екипи сме во добра форма, победуваме во плејаутот и сигурен сум дека повторно дербито ќе ја оправда довербата која доби во регуларниот дел од Супер лигата. – изјави капитенот на Охрид, Крсте Андоновски.

Скорот во пресметките оваа сезона е изедначен 1-1, а домашниот терен „гарантираше“ победа. „Гладијаторите“ со триумф во голема мера ќе го осигураат првото место во плејаутот.

OhridNews