Ракометниот клуб Охрид во Скопје против втората екипа на Металург ќе го одигра вториот натпревар во новата сезона од Супер лигата. Охриѓани атакуваат на победа и првите бодови откако во првата рунда претрпеа пораз од Работнички на гостински терен.
– Мечот со Работнички го оставиваме зад нас, но извлековме само позитивни поуки. Целосно се фокусиравме на натпреварот со Металург 2 на кој едноставно немаме многу опции и атакуваме на победа. Иако екипата на Металург е составена од млади ракометари сепак тие на мечот со Борец покажаа дека можат да се надигруваат со секого. Ние поседуваме квалитет и потенцијал, но тоа треба да го покажиме и на теренот. – рече левото крило Крсте Андоновски.
Натпреварот меѓу Металург 2 и Охрид се игра в недела во 12 часот, а ќе го води судиската двојка Цане Куртовиќ и Митко Георгиевски од Скопје.
Покрај овој дуел во втората рунда ќе се сретнат Металург – Работнички, Радовиш – Вардар Јуниор, Пелистер – Пролет, Борец – Прилеп.
Мх.П.