Крилниот ракометар Крсте Андоновски со седум погодоци беше еден од најзаслужните за победата над Металург Јуниор во последниот натпревар во Супер лигата.
– Во мечот влеговме максимално мотивирани бидејќи никој не знае низ се што ние поминавме кога гостуваваме во Скопје. Груби стартови без извинување, некороктна игра, провокации од домашните ракометари ова се се случуваше во убедливиот триумф на Металург против нас во есенскиот дел од сезоната. Затоа сите бевме решителни за реванш со победа против нив, а покрај тоа и им покажвме како се игра со срце и машки ракомет – рече Крсте Андоновски, кој постигна маестрални голови.
Тој на гостувањето во Автокоманда мечот го заврши по само неколку минути откако заработи скршеница на носот по дуел со домашен ракометар.
Мх.П.