Охридските ракометари не го криеаја разочарувањето на лицата по ремито со Работнички 22-22 на домашен терен. Охриѓани важеа за фаворити, но Работнички освои бод, прв на гостински терен сезонава.


– Ова е разочарувачки резултати за нас и не се совпаѓа со нашите амбиции. Во нападот одигравме крајно лошо и некоректно додека во одбраната пруживме солидна партија. Гостите ни покажаа дека нема лесни противници и бодови во Супер лигата – рече Андоновски.

Охриѓани влегоа во мини криза на домашен терен откако веќе два натпревари пред своите гледачи незнаат за победа.

– Нашите амбиции се големи сезонава затоа мораме да победуваме на домашен терен. Мораме да поработиме на самодовербата кога играме на пред своите гледачи. Не очекува меч со Прилеп и веднаш ќе треба да се поправиме и да почниме да победуваме – заврши левото крило.

Фото : Емилио
Мх.П.