Ракометарите на Охрид в недела во 15 часот против втората екипа на Металург ќе го одиграат последниот натпревар на домашен терен во регуларниот дел од Супер лигата.


Охриѓани имаат теоретски шанси за пласман во плејофот додека Металург, кој настапува со кадетскиот тим со евентуален триумф би го обезбедил местото кое води во разигрувањето за титулата.

– Одиме на победа како и на секој натпревар пред нашата публика. Одигравме одличен натпревар со Пелистер и ќе продолжиме во исти ритам и на дуелот со Металург. Не успеавме да се избориме за плејофот, но без разлика на тоа ќе го доиграме шампионатот како да зависиме од секој натпревар. – рече левото крило Крсте Андоновски.


Покрај мечот со „металурзите“ до крајот на шампионатот „гладијаторите“ ќе одиграат натпревар со Работнички во Скопје.

Мх.П.