Капитенот и еден од најискусните во составот на Охрид, Крсте Андоноски најави дека тимот ќе атакува на победа и освојување на бодовите во дерби средбата со Струга. На „гладијаторите“ само победа во „Езерското“ дерби ги остава во игра за местата на табелата кои водат во плејофот, додека, стружани ќе играат за честа пред својата публика.
- Многу е важно дерби средбата да помине во најдобар ред. Навивачите да се почитуваат, а ние на теренот да покажеме зошто ова дерби е едно од најдобрите и највозбудливите. Бодовите од овој натпревар ни се потребни и ќе одиме да победиме и да ги освоиме. Меѓусебно се познаваме, нема тајни и скриени адути. Тие претрпеа поголеми измени во составот, додека нашиот е речиси истиот. Струга покажа дека има квалитет со играта во првото дерби, а ние покажавме искуство и смиреност кога најмногу требаше. – изјави левото крило.
Спортскиот директор на РК Охрид, Горан Недески изјави дека е во контакт со РК Струга, која ќе треба да обезбеди одреден број на билети за охридските љубители на ракометот. – Во контакт сме со стружани и работиме заедно дербито да помине во најдобар ред. За минатото дерби се зборуваше многу, а сите заедно имаме обврска да ја оправда довербата.
Дербито се игра в сабота со почеток во 19 часот во СРЦ „Тими“.
OhridNews
Филип Ивановски: Нема поголем предизвик за Охрид да браниш во Струга!