Холандскиот вицепрвак Крас Волендам е ривалот на охридските ракометари во првото квалификациско коло за пласман во Купот на ЕХФ. Ракометниот клуб Охрид, кој ќе дебитира на европска сцена двомечот ќе го одигра во рок од една седмица.

– Неможиме да ја оцениме ждрепката како тешка или лесна, бидејќи секоја екипа се бори да победи на европските натпревари. Годинашново учество во Купот на ЕХФ е круна за макотрпната работа и успехот од минатата сезона. За квалитетот на нашиот ривал ќе зборуваме, кога ќе анализираме подетално низ видео снимнки. – изјави капитенот на екипата, Крсте Андоновски.

Левото крило го продолжи на уште една година договорот со РК Охрид, а клубот ги задржа речиси сите играчи кои минатата година го понесоа товарот до успехот.

OhridNews