Ракометарите на Охрид во Супер лигата стигнаа до десеттиот бод сезонава победувајќи го Текстилец 21-18. Победата можеше да биде изразена со поголема разлика, но охриѓани немаа одговор за гостинскиот голман, кој имаше 19 успешни интервенции.
– Во фаза на одбрана одигравме на едно високо ниво примајќи само 16 голови додека нашиот проблем е во нападот каде не постигнавме голови од чисти прилики. Кога имавме предност од девет погодоци требаше рутински да го финишираме мечот, но ние тогаш паднавме и го вративме противникот во живот. Се на се добра ракометна престава и мислам дека охридската публика може да биде задоволна од нашите игри сезонава во Супер лигата – потенцираше левото крило, Крсте Андоновски, кој беше најефикасен во составот на Охрид со шест голови.
Мх.П.