Крсте Андоновски и Иван Тасески ја продолжуваат верноста кон ГРК Охрид! -инфомираат од клубот.

Управата со охридското дуо кои се миленици на публиката ја продолжија соработката и во наредните 2 (две) години. Исто така во тимот остануваат и десното крило Наум Костов, како и пикерот Кристијан Димитриески, додаваат од ГРК Охрид.

Вчера потпис на двегодишен договор стави и ракометниот стручњак Горан Андоновски, кој до скоро беше на чело на суперлигашот Тиквеш, а сега се враќа во Охрид и го презема кормилото на Градскиот ракометен клуб. Негов помошник ќе биде Наум Бабачев, поранешен ракометар и долгогодишен тренер во младинските категории на ГРК Охрид.

Од клубот најавуваат сериозни засилувања на екипата која во континуитет е учесник во плејофот на Супер лигата.

OhridNews