Капитенот Крсте Андоновски и Борче Соколов ја продолжија верноста со Ракометниот клуб Охрид откако денеска потпишаа нов едногодишен договор.
Левото крило Андоновски дел од клубот е од самото формирање, додека Соколов ќе ја троши втората сезона од втората авантура во охридскиот состав.
Со продолжување на договорите со Андоновски и Соколов, Охрид предводен од новиот тренер Раде Стојановиќ ќе го задржи костурот на екипата од минатата сезона.
„Гладијаторите“ се засилија со Никола Даниловски од скопски Металург, а пред договор се` со црногорскиот голман Јагош Брауновиќ.
OhridNews