По пауза од пет сезони во „Билјанини Извори“ ќе се врати магијата од „езерските“ дерби пресметки помеѓу Охрид и Струга. Ждрепката така одреди, а екипите победувајќи ги Металург 2 односно Работнички закажаа нова дерби средба која ќе го даде патникот на завршниот турнир во Купот на Македонија.

– Против составот на Металург 2 забележавме рутинска победа, а натпреварот го искористивме да воиграме некоја комбинација која ќе ни биде од корист за мечевите од плејофот во Супер лигата. Во финалето од четвртфиналето во Купот не очекува меч со Струга кој секогаш има предзнак дерби без разлика на квалитетот кој во овој дуел оди во наша корист. – изјави капитенот на Охрид, Крсте Андоновски.

Охриѓани се големи фаворити и се освен победа и пласман на Ф4 ќе биде големо изненадување во финалниот натпревар од четвртфиналната рунда кој на програмата е во 18 часот.

КУП: Рутинска победа на „гладијаторите“ за меч со Струга во финалето (фотогалерија)

OhridNews