Една британска туристичка агенција е во потрага за 22 лица кои би сакале да крстарат на брод потполно голи. Агенцијата е специјализирана за крстарења, а нудистичкото е планирано за хрватското крајбрежје на почетокот на 2011 година. Цената на крстарењето е околу 800 евра, а вклучува и посета на островите Раб, Олиб, Мал Лошињ како и градот Задар.


Од агенцијата тврдат дека се први кои организираат крстарење за нудисти. Патниците би биле голи цело време освен за вечерата. Се очекува да се јават нудисти од цела европа, а посебно рачунаат на германците кои се познати како љубители на голотијата. Бродот е опремен се бар, палуба за сончање и ресторан.