Во екот на тренинзите на ракометниот камп на Кирил Лазаров во Охрид капитенот на македонската репрезентација заедно со тимот организираа крстарање со брод по Охридското езеро.
Учесниците го посетија манистирот Св. Наум и беа воодушевени од убавините кои ги нуди едно од најстарите природни езера во светот.
„Црвено белата“ експедиција се врати со позитивна енергија за престојните три дена од премиерниот камп на македонската ракометна икона.
Фото : Емилио
Мх.П.