Фотограф од фото студиото „Рекс“ со објективот забележал необична појава на небото над Охрид за време на црковната церемонија по повод Водици што се одвиваше на градското пристаниште.
крст на небото над Охрид?
Од ова фото студиото тврдат дека крстот на фотографијата е природен феномен, кој се појавил на небото над Охрид во моментите кога владиката Тимотеј го фрлал чесниот крст во осветените води на Охридското Езеро.
Слична појава фотограф од истото студио забележа и минатата година. Тогаш над Охрид се појави ангел во форма на крст за кој од „Рекс“ исто така тврдат дека не е фото монтажа туку природна појава.
крстот кој се појави на небото над Охрид минатата година
ohridnews
фото: Фото „Рекс“