Во хрватскиот град Ѓаково излезе од печат двојачичната збирка поезија „Кршлива, скршена и други начини како да се остане цела“ на стружанката Бистра Кумбароска.
Збирката, поетесата му ја посвети на својот, неодамна починат татко, поетот Разме Кумбароски.
„Кршлива, скршена и други начини како да се стане цела” е посветена на мојот татко Разме, кој секогаш ќе ме прави цела. Книгата е на хрватско-англиски јазик, се состои од три циклуси поезија, и е во издание на „Културниот круг“ .Поезијата на Кумбароска, според критичарите, е меѓник и етимон, чии творечки темели ги допира имињата на светските бардови како: Вистан Хју Одн, виенскиот филозоф Лудвиг Витгенштајн, грациозната Вирџинија Вулф, Десанка Максимовиќ, Маја Ангелоу, Олга Токарчу.
Книгата е објавена во рамките на одбележувањето на 160 годишнината од печатењето на Зборникот на браќата Миладиновци, а е достапна и во електронско издание.
Кумбароска е родена во 1984 година во Струга. Во 2011 година ја објави својата прва збирка на макрдонски јазик „Ти не сакаш поезија“ и оттогаш учествува на речиси 150 меѓународни настани и фестивали.
OhridNews