Во автентичниот амбиент во Заливот на коските во Градиште, многубројната публика вчера вечер имаше можност да ја проследи претставата „Крпен живот“ од Стале Попов, во режија на Владо Цветаноски.


Претствата што ја изведе прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ е спој на модерното и традиционалното и потсети на делата на Стале Попов кој е хроничар на животот во Прилеп и мариовско.


Претставата вушност не потсетува на нашите корени и заедничкиот ген, а како лајт мотив цело време преовладува битката за зачувавање на македонскиот идентитет.


Публиката која во еден здив ја проследи претставата, на крајот актерите ги награди со бурни аплаузи.


Изведбата на „Крпен живот“ во Заливот на коските беше полн погодок на фестивалот „Охридско лето“, кој доби уште една прекрасна сцена на која веруваме и во иднина ќе се играат многу претстави.


Публиката ја одгледа претставата во еден здив

ohridnews