Поради силните дождови и обилните поплави, околу 15 илјади крокодили побегнале од една поплавена фарма во Јужноафриканската република, пренеле медиумите. Крокодилите побегнале од фармата за крокодили Раквена во провинцијата Лимпопо на северот од земјата кога сопствениците морале да ги отворат капиите поради силните поплави.
Неколку крокодили се вратиле, но најмалку половина од вкупниот број исчезнале, додека еден се појавил на рагби теренот на едно училиште кое се наоѓало на 120 километри од фармата. И соседната провинција била погодена од сериозните поплави во кои страдале десет лица, а многу останале без домови. Поплавите го опушстошиле и соседниот Мозамбик каде десетина илјади лица биле евакуирани од своите домови.