Полицијата во Австралија однела во затворска ќелија еден крокодил кој правел голем неред во еден камп на северот од земјата. Крокодилот долг два метри го затекнале покрај оградата од кампот. Операцијата ја водел наредникот Адам Расел кој многу се измачил при неговото ловење.


Го врзале крокодилот и го ставиле во полициски камионет, со кој го однеле до полициската станица. Бил во притвор три дена додека по него не дошле експертите од фармата за крокодили. Додека го чувале секои неколку часа го полевале со вода, иако крокодилот бил многу немирен.