Крокодил кој излегол од багажот и се појавил меѓу патниците е главниот виновник за авионската несреќа која се случила во август оваа година и во која загинале 21 лице. Авионот се срушил на територијата на Демократска Република Конго. Според сведочењето на единствениот преживеан, чиј идентитет не бил откриен, крокодилот предизвикал стампедо во малиот авион.


Патниците истрчале кон пилотската кабина, пореметувајќи ја рамнотежата на авионот и дошло до негово паѓање. Авионот при паѓањето оштетил една куќа, во која за среќа никој не бил повреден. Крокодилот кој ја предизвикал несреќата најверојатно бил шверцуван од некој од патниците. Меѓу жртвите на несреќата биле и пилотот и копилотот на авионот.