Еден вработен задолжен за багажот на аеродромот во Мелбурн опасно се преплашил кога го отворил товарниот простор на патнички авион на компанијата „Квантас“ и видел крокодил како слободно се шета наоколу, соопштила австралиската авиокомпанија. Влекачот, за кој било наведено дека бил релативно мал примерок, успеал да побегне од својот кафез за време на летот на релација Бризбејн-Мелбурн, изјавил претставникот на компанијата, додавајќи дека случајот бил забележан минатата седмица.
Тој додал дека животното брзо и безбедно било ставено под контрола. Од компанијата „Квантас“ била покрената истрага како би се востановило дали крокодилот бил во адекватен контејнер и прописно натоварен.