Еден крокодил од аквариумот во украинскиот град Днипропетровск го проголтал мобилниот телефон на една жена кој паднал во базенот. Вработените во аквариумот го откриле тоа откако крокодилот со седмици не сакал да јаде, а од стомакот му се слушало чудно звонење. Не верувале се додека жената се пожалила дека крокодилот и го изел мобилниот и не ги побарала своите драгоцени контакти и фотографии од апаратот.
Таа тврдела дека не била нејзина грешка и дека телефонот и испаднал додека се обидувала да го фотографира. Чуварите по препорака на ветеринар се обиделе да го хранат крокодилот со посебна храна како би го исфрлил мобилниот, но не успеале. Главниот ветеринар во аквариумот, Олександар Шушленко рекол дека доколку крокодилот не почне да јаде во следните неколку дена, ќе го слика со рентген. Додал дека вадењето на мобилниот со операција е последната опција која ја разгледуваат.