Алигатор долг околу 60 сантиметри, бил пронајден во понеделникот на една улица во американскиот град Њу Јорк. Алигаторот се криел под еден паркиран автомобил, изјавиле претставниците на службата за заштита и контрола на животните, кои ја презеле грижата за него.
Властите не знаеле да кажат како алигаторот стигнал на улица и дали некој го пријавил неговото исчезнување. Во 2001 година еден мал крокодил бил пронајден во езерото во познатиот Централ Парк, за кој исто така не се знаело од каде стигнал во езерото.