Крокодилот по име Снепи, кој живее во близина на Мелбурн, постепено добил портокалова боја. Неговата чуварка Трејси Сендсторм, која ја води фармата за рептили “Roaming Reptiles”, се загрижила за здравјето на крокодилот долг 2,5 метри откако почнал да ја менува бојата. Сепак, ветеринарите кои го прегледале заклучиле дека е сосема здрав.


Експертите веруваат дека материите од алгите и лисјата, како и зголемената PH вредност на водата се причина за неговата нова боја. Бидејќи Снепи сакал да ги гризе цевките од филтерот кој ја пречистува водата во неговиот базен, филтерот престанал да работи, па во водата доспеале разни материи од околните билки и PH вредноста на водата пораснала. Снепи нема уште долго да биде портокалов, туку со тек на време ќе му се врати неговата вообичаена зелена боја.