Претседателката на СДСМ Охрид, Кристина Крлеска Деспотоска, преку соопштение ги демантира обвинувањата изнесени од ОК ВМРО ДПМНЕ која на прес конференција денеска објави дека поднела кривична пријава против неа по повеќе основи.
Лесно е да застанеш пред Јавното обвинителство и да расфрлиш од ракав некакви си изреки, па да мислиш дека зад тебе имаш маса народ која ти верува.
Немаш маса народ Китески, туку ги имаш на тебе сличните кои се задоволни кога некоја личност директно се линчува, бидејќи тоа е карактерна особина на ДПМНЕ, стои во реакцијата.
Наместо да ги трошите парите на мене и на СДСМ, потрошете ги на народот кој чека нешто да направите откако сте дојдени на власт, порачува Крлеска Деспотоска.
Ви порачувам и ве замолувам со оваа постапка против мене да одите до крај. За на крај конечно да излезат на виделина вашите лаги и невистини.
Во меѓувреме, ве известувам дека за вашата наводна кривична пријава, соодветно ќе возвратам со кривична пријава за лажно пријавување кон вас како подносители на пријавата, истакнува Крлеска Деспотоска
OhridNews