Кадрите на ДПМНЕ и Мицкоски единствено што можат да понудат е беззаконие, безредие и хаос. Секојдневието на локалната самоуправа на Охрид и на првите луѓе на јавните претпријатија наликува на типично за нив предизборно дивеење, а не на залагање за работа исклучиво во согласност со закон и прописи и во интерес на граѓаните на Охрид, рече на денешната прес конференција претседателката на ОО СДСМ Охрид, Кристина Крлеска Деспотоска.
Во низата на активности за задоволување на нечии лични интереси се водат сомнителни тендерски постапки и се склучуваат сомнителни договори. Во конкретниов случај предмет на договорот е половна дотраана машина произведена 1987 година, за која се платило сума зав пет пати повисока од пазарната вредност. Но, народните пари имаат вредност и тежина и секоја нивна злоупотреба треба да се санкционира, потенцира Крлеска Деспотоска.
Посочува дека на ден 13.03. 2024 година СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицата С.Н., С.М. И.О. и Т.Р. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување, и злоупотреба за постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство.
Имено. С.Н. Во својство на В.Д. директорот на ЈП Охридски Комуналец Охрид и С.М. И.О. и Т.Р. во својство на членови на Комисија за јавни набавки со злоупотреба и пречекорување на дадените службени овластувања иако знаеле дека цената на единствената понуда за набавка на булдожер е 5 пати повисока од пазарната вредност, на 17.01.2024 година склучиле Договор за јавна набавка со правното лице НЕФИ ИК ДООЕЛ Охрид со што го оштетиле буџетот на ЈП Охридски Комуналец за сум од 3 304 000 денари, вели Крлеска Деспотоска.
Додава дека власт која не ги цени народните пари и си поигрува со нив охриѓани не ја заслужуваат.
Н.С.Ј.
фото. Б. Стојаноски