Во пресрет на православниот празник „Свети Наум Охридски Чудотворец“, Кризниот штаб на Општина Охрид упати апел до верниците да се воздржат од масовни собири во предвечерието и денот на самиот празник и да ги почитуваат сите препораки за заштита и превенција од Корона вирусот „Ковид 19“.

Исто така Кризниот штаб упати апел до сите жители и посетители во градот, максимално да се придржуваат до пропишаните мерки за заштита од Ковид 19.

Да се носат заштитни маски;
Да се одржува потребна дистанца;
Да се одржува лична хигиена според препораките;
Да не се организираат семејни собири и други слични групирања.
Да бидеме одговорни, да го зачуваме сопственото и јавното здравје.

Кризeн штаб на Општина Охрид 

Дебарско-кичевската епархија исто така апелираше до верниците кои на празникот Св. Наум ќе го посетат истоимениот манастир, да  ги почитуваат пропишаните здравствени мерки за заштита од Ковид 19. Во насока на спречување на ширење на коронавирусот годинава во манастирскиот комплекс нема да биде дозволено поставување тезги.

Епархијата информираше дека за време на празникoт на преподобниот Наум Охридскиот Чудотворец, ќе има богослужба во манастирот, а на 03 јули 2020 година, во 07.30 часот ќе започне Утрената богослужба. Пречекот на Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски, како и на Митрополитот Европски г. Пимен, ќе биде во 08.45 часот, додека светата архиерејска Литургија ќе започне во 09.00 часот, соопшти Дебарско-кичевската епархија.

OhridNews

Годинава празникот Св. Наум ќе се чествува со маски и почитување на мерките, без тезги и панаѓур