STRATFOR
Кризата во Европа и европскиот национализам
Способноста да се преземаат безбедни патувања на долги дистанци овозможија деловните субјекти на разните пловни реки на континентот лесно да контактираат меѓу себе, со што многукратно го зголемија капацитетот на реките да генерираат капитал. Пловењето во длабоки води исто така овозможи многу европски нации да си обезбедат огромни империии надвор од Европа. Истовремено, збиеноста на овие нации, комбинирано со се поголемите богатства кој се инвестираа во нови технолошки иновации и напредок и сето тоа со темпо без преседанво дотогашната светска историја. Европа како целост стана многу богата и се впушти во далекусежно градење на империи кои го редефинираа човековото постоење и кои станаа многу добри во водењето на војни. Накратко, Европа од културолошка и економска баруштина, се претвори во двигател на светот.
На домашен терен, растечкиот економски развој а Европа беше надминат само од крволочноста на конфликтите кои се водеа на континентот. Европа надвор од своите граници ја разви способноста да применува воена сила за да ги постигне своите економски цели – и обратно. Бруталната експлоатација на богатствата на некои делови на планетава (особено во Јужна Америка) и темелното потчинување и наметнување на трговските системи во други (особено во источна и во јужна Азија), ги создадоа темелите на модерниот поредок. Ваквото менување на традиционалните системи драматично го зголемија богатството на Европа.
Но, „двигател“ не значи и „обединет“, а богатството на Европа не беше рамномерно распределено. Секоја држва која во одреден период профитираше од експанзијата, се стекнуваше со решавачка предност и со поголеми ресурси кои можеше да ги инвестира во воена моќ, со што поттикнуваше други држави да и станат сојузници. Резултатот од сето тоа требаше да биде водечката глобална сила да ја обедини Европа под своето знаме. Тоа никогаш не се случи, иако постојано имаше обиди. Европа остана поделена и во војна со самата себе и тоа во истиот период кога доминираше и го преобликуваше целиот свет.
Причините за овој парадокс се комплексни. Според мене, од секогаш клучен бил Англискиот канал. Доминација со Европа бара масивни копнени сили. Доминацојата со светот бара морнарица, која е силно ориентирана кон поморската трговија. Ниту една европска сила не беше способна да го мине каналот, да ја порази Англија и да ја присили да стане дел од Европа. Шпанската армада, француската морнарица кај Трафалгар и „Луфтвафе“ над Британија – сите тие не успеаја да создадат услови за инвазија и потчинување на Англија.
Што и да се случуваше во континентална Европа, Англичаните си остануваа независна сила со сопствена, моќна морнарица, способна да манипулира со балансот на силите во Европа, со цел да ги фокусира европските сили едни против други, а не против Англија (во текот на поголемиот дел од историјата). По поразот на Наполеон, Кралската морнарица ја создаде најмоќната Империја која Европа некогаш ја видела, но сепак не можеше самата да доминира со континентот. (И други европски географски особености го отежнуваат обединувањето на Европа, но сите со текот на времето биле надминати. Освен каналот.)
Прикриени тензии
Тензиите кои тлееја во Европа беа исфрлени на површината со обединувањето на Германија во 1871 година и потребата опд нејзино интегрирање во европскиот систем, од кој Германија истовремено беше и интегрален и несварлив дел. Резултат на тоа беа две катастрофални општи војни во Европа, кои започнаа во 1914, а завршија во 1945 година, со окупацијата на Европа од страна на САД и СССР и колапсот на европскиот империјален систем. Нејзината економија беше распарчена, а јавноста заглавена во криза на моралот и недостиг од доверба во елитите. Европа повеќе немаше ни интерес, ниту пак апетит за империи.
Европа беше исцрпена, не само од војните, туку и од внатрешната психоза на две од нејзините главни компоненти. Хитлеровата Германија и Стаљиновата СССР на надворешен план се однесуваа според лесно предвидливите правила на геостратегијата, но на внатрешен план и двете целосно полудеа, колејќи ги и сопствените граѓани и оние на државите кои ги окупираа и тоа од прилини кои одвај може да се сфатат, настрана раципнално да се објаснат. Од моја гледна точка, притисоците и колежите нанесени во текот на двете светски војни на овие две земји создадоа колективен ментален слом.
Замислете си ја Европа по Втората светска војна. Прво, во моментот континентот излегуваше од период од 450 години минати во глобални ванатури и се поубиствени војни, за на крајот да изгуби се што имаше стекнато. На внатрешен план, Европа гледаше како една земја како Германнија – од многу аспекти највисок израз на европската цивилизација – како се нурнува до нивоа на варваризам без преседан. И конечно, Европа немо набљудуваше како САД од маргините на историјата прераснуваат во окупациска сила. САД стнаа зависта на Европјаните: стабилна, богата, обединета и способна да ја наметне својата економска, политичка и воена волја врз големите сили од друг континент. (Русите беа дел од Европа и може да се објаснат во рамките на европската парадигма. Затоа, иако Европјаите ги презираа Русите, сепак Русите беа сметани за посиромашни роднини, дел од семејството кое, повеќе или помалку, игра според европските правила.) Нови и без преседан, САД се извишија над Европа која од доминација отиде кон психоза, па кон воено, политичко и културолошко потчинување во текот на само еден трепет на историското око.
Парадокслано, САД беа тие кои го дадоа првичниот облик на европската иднина, започнувајќи со Западна Европа. Исходот нас Втората светска војна ги смести СССР и САД во центарот на Германија, заради што и ја поделија. Нова војна беше многу можна, ареалностите и ризицфите на Студената војна беа многу очигледни. На САД им требаше обединета Европа за да ги држи Советите на растојание. САД го создадоа НАТО за да ги интегрираат политички и воено Европа и САД. Со ова се создаде принципот на основање на транснационални организации кои ја интегрираат Европа. САД исто така ја охрабруваа економската соработка и внатре во Европа и помеѓу Европа и Северна Америка – штпо беше во остра спротивставеност со меркантилниот империјализам од блиската историја – со што се овозможи подемот на прекурсорите на Европската унија. Во текот на децениите на Студената војна, Европјаните му се посветија на транснационалниот проект на создавање на еден вид на обединета Европа, на начин кој никогаш не беше целосно дефиниран.
Постоеја две причини за овој стремеж кон обединување. Првата беше Студената војна и колективната одбрана. Но, подлабоката причина беше надежта за воскреснување на Европа од ужасите на 20-от век. Се подразбираше дека германското обединување од 1871 година ги создаде конфликтите, а нејзината поделба во 1945 година ја стабилизираше Европа. Истовремено, Европа не сакаше засекогаш да остане окупирана и заробена во постојана предвоена состојба. Европјаните трагаа по начин на кој ќе ја надминат сопствената историја.
Еден од проблемите беше статусот на Германија. Подлабокиот проблем беше национализмот. Не само што Европа не успеа да се обедини под знаме преку виени конфликти, туку Првата светска војна ги расцепка најголемите империи и создаде цела низа мали држави, кои дотогаш се бореле за својата слобода. Оттаму аргументот дека национализмот – и не само германскиот- е тоа што го направи 20-от век таков каков што беше. Затоа, задача на Европа беше да го надмине национализмот и да создаде структура во која Европа би била обединета, а сепак би се задржала уникатноста на нациите како културолошка појава, а не како политички и економски ентитети. Истовремено, со вклучувањето на Германија во процесот, би се решил и германскиот проблем.
Средства за покајување
Европската унија беше осмислена не само како обилна економска алатка, туку и средство за покајание на Европа. Фокусот на економијата беше од суштинско значење. Унијата не сакаше да биде воена алијанса, затоа што таквите беа темелот на европската трагедија. Фокусирајќи се на економските прашања и оставајќи им ги воените работи на НАТО и на САД и со тоа што не создадоа значајна заедничка европска воена сила, Европјаните го одбегнаа делот од нивната историја кои ти плашеше, а се посветија на оној кој ги привлекуваше: економскиот просперитет. Идејата беше дека слободната трговија, регулирана од централизирана бирократија, ќе го потисне национализмот и ќе создаде просперитет без да го укинува националниот идентитет. Заедничката валута – еврото – е врвниот показ на оваа надеж. Европјаните се надеваа дека постоењето на некаква паневропска структура ќе донесе благосостојба, без да треба да се откажат од јадрото на она што значи да се биде Француз или Холанѓанец или Италијанец.
Сепак, дури и во текот на ерата на безбедност и напредок по Втората светска војна, некои Европјани почнаа да се повлекуваат од идејата за трансфер на суверенитетот. Консензусот за кои многумина од долгиот список на поддржувачи на европското обединување веруваа дека постои, едноставно не постоеше. А денешната криза на еврото е прва сериозна криза со која Европа се соочува по сите овие години, при што национализмот почнува да се враќа со сета сила.
На крајот, Германците си се Германци, а Грците си се Грци. Германија и Грција се различни држави на различни места, со различни вредносни системи и интереси. Идејата да се жртвуваат една за друга е многу дубиозен концепт. Идејата за жртвување за Европската унија е концепт без никакво значење. Европската унија нема никакви морални права врз Европа, настрана од ветувањата за економски просперитет и нудењето на пат со кој би се избегнал конфликтот. Тоа не се бесзначајни цели, но кога ќе сопре просперитетот, огромен дел од оправдувањето на концептот испарува, а аверзијата кон конфликтите (барем кон политичките несогласувања) полека исчезнува.
И Германија и Грција имаат свое објаснување за тоа зошто оној другиот е виновен за тоа што се случи. За Германците, виновна е неодговорноста на грчките политичари затоа што си купувале политичка моќ со пари коишто ги немале, до таа мерка што ги фалсификувале економските параметри за да влезат во еврозоната. За Грците, проблемот е во тоа што Германија ја киднапирала Европа. Германија ја контролира монетарната политика на еврозоната и изгради регулаторен систем кој носи нефер привилегии, како што веруваат Грците, за германскиот извоз, економската структура и финансискиот систем. Секоја нација верува дека другата ја користи ситуацијата.
Политичките лидери се обидуваат да дојдат до помирување, но нивната способност да го постигнат тоа е ограничена од јавното мнение кое е се понепријателски настроено, не само кон одредбите на договорот, туку и кон самиот принцип на помирување. Најважното прашање не е тоа дека Германија и Грција не се согласуваат (иако тоа е многу точно), туку дека јавноста во секоја држава се повеќе ги гледаат другите како државјани на некоја странска сила, кои си ги бркаат своите сопствени саможивни интереси. И двете страни велат дека сакаат „повеќе Европа“, но само „повеќе Европа“ значи повеќе од она што го бараат од другиот.
Менаџирање на жртвувањето
Национализам е верувањето дека вашата судбина е врзана за онаа на вашата нација и на вашите сограѓани, а целосно сте индиферентни кон судбината на другите. Она што Европјаните се обидоа да го сторат е да создадат институции кои ќе го направат непотребен изборот помеѓу „нашите“ и „другите“. Но тоа не го сторија преку борбениот дух на европскиот мит, кој ги плаши. Тие излегоа со многу мудар аргумент: вие ќе ја сакате Европа затоа што ќе биде просперитетна, а кога целата Европа е просперитетна, тогаш нема да има потреба да избирате помеѓу својата и другите нации. Нивната најголемо тврдење беше дека Европа нема да бара жртвување. За луѓето кои живееја во 20-от век, недавањето жртви беше многу привлечно.
Но, секако, просперитетот доаѓа и си оди, а како што си оди, се јавува потребата од жртвување. А жртвувањето – како и богатството – секогаш е нерамномерно распределено. Таа нерамномерна дистрибуција не е одредена само од потребата, туку и од оние кои имаат моќ и контрола врз институциите. Од национална гледна точка, моќта ј аимаат Германија и Франција, а Британците се среќни што не се во жижата. Слабите се сите останати во Европа, оние кои им го предадоа суштинскиот суверенитет на Германците и на Французите и сега се соочуваат со товарот на менаџирањето на жртвувањето.
На крајот, Европа ќе си остане енормно просперитетно место. Нето вредноста на Европа – нејзината економска база, нејзиниот интелектуален капитал, нејзините организациски способности – се зашеметувачки. Овие квалитети не можат да испарат. Но, кризата го преобликува начинот на кој се менаџираат, управуваат и дистрибуираат. Тоа е сега под знак на прашање. Сега наголемо се дискутира за иднината на еврото. А ќе дојде на ред и иднината на слободната трговија. Германија самата си е масивна економија, која извезува повеќе годишно, отколку што е БДП-то на повеќето нации-држави на светот. Дали Грција и Португалија навистина сакаат да и дадат на Германија бланко чек со него да извезува што сака, или би преферирале менаџирана трговија под нивна контрола? Премотајте го ова набрзина напред, за да ја минете кризата со еврото и темелите на обединета Европа навистина стануваат сомнителни.
извор:„Макфакс“