Претседателот на ракометниот клуб Металург на прес конференцијата која се одржа во петокот соопшти кои играчи си заминаа од клубот.


Она што се шпекулираше доби потврда од Китевски, кој потврди дека од клубот заминуваат Наумче Мојсовски, браќата Маркоски, Ванчо Димовски, Гоце Георгиевски, Дејан Манасков, Ацо Јоноски и Филип Миркуловски.

„Сеуште е неизвесна иднината на Ренато Вугринец, за него подетални информации ќе имаме во текот на денот. Правевме секакви напори, но тоа не зависеше од управата или од тренерот. Клубот сигурно нема да го затвориме, имаме проблеми со спонзорите, но со комбиниран состав ќе ја завршиме сезоната. Ние уште од минатото лето тргнавме со подмладување на тимот, се случи тоа што се случи. Најтешко му е на сопственикот кој долги години го спонзорираше тимот, сега се прават напори да се доигра сезоната, да избориме место во ЛШ. Не е во ничии интерес Металург да згасне, ние ќе сториме се тоа да не се случи“, рече Китевски, пренесува „Макфакс“.

Кризата во Металург започна во октомври минатата година, прв кој замина беше миленикот на навивачите голманот Станиќ, а откако играчите стапија во штрајк клубот го напуштија странците Атман, Коциќ, Борозан, Липовина, Марсениќ, Циндриќ.

Ohridnews