Навистина вози Астон Мартин, пие мартини и има најново одело, но изгледа дека и најпознатиот таен агент на светот го погоди кризата. Имено, продуцентите на новиот филм за Џејмс Бонд морале да го скратат буџетот за голема сума. Имале идеја новиот филм Skyfall да го снимаат на дури шест познати светски локации, но сепак се откажале.


Планот бил да ја посетат Индија, Кина и Бали за да снимат одредени сцени на прочуените плажи во тие земји, но поради недостаток на финансиски средства одлучиле тие три локации да ги заменат со плажите во Велика Британија. И покрај тоа што нема да биде сниман на егзотичните локации, сите се убедени дека ова ќе биде еден од најдобрите филмови кој е снимен за агентот 007.