Советниците од коалицијата ЗА Македонија заедно, независниот советник Петре Петрески Калимеро и советникот од ДИУ, Недим Положани, ја напуштија работата на Советот, незадоволни од како што беше речено несериозниот однос на позицијата.
“Мнозинството во советот има несериозан однос кон сериозноста на ситуацијата во општина Охрид, а бројната надмоќ во советот вулгарно ја користи. Имаме многу посериозни работи, приоритети, многу побитни отколку што се овие менувања на претседатели на училишни одбори. Ако веќе и мислите добро на Локалната самоуправа, ако сакате таа добро да фукнционира, мислам дека потенцијалот на Советот требаше да го искористиме, посебно мнозинскиот, во друга насока. Состојбата во образованието е премногу тешка, заради немање уредба на министерството за образование нема никакви дотации во однос на трошоците (вода струја телефон) , не се исплаќаат хонорари, патни трошоци … Сите овие проблеми се многу поголеми отколку изборот и менувањето на членовите на училишните одбори“, рече од говорницата координаторот на советничката група на СДСМ Бранко Трпчески, непосредно пред дел од советниците да ја напуштат седницата.
Во дикусијата која беше често прекинувана со разни дофлања од место, Трпчески го спомна и затворањето на специјалната детска болница од што како што рече “ќе добиеме или многу невработени или превработеност“. Ако сакаме да бидиме сериозни не треба да се расправаме за училишните одбори, туку каде овие 80 вработени ќе одат, рече тој.
Безбедносната ситуација ни е лоша. Имаме случки кои треба да се стават на дневен ред овде. Имаме исчезнат човек, напад на новинар, вооружени престрелки, кршење спомен плочи, а не да расправаме за небитни работи. Од тие причини коалицијата ЗА Македонија заедно, ДУИ и Клаимеро ќе ја напушти седницта, рече Трпчески.
Советникот Љупчо Нечкоски од коалицијата ЗА Подобра Македонија се обиде да ги разубеди колегите, но безуспешно.