Охридскиот ракометен клуб ги реши дилемите за позициите среден бек и десно крило во екипата, продолжувајќи го договорот со Филип Кривокапиќ и ангажирајќи го Мице Шилегов од Металург.
Кривокапиќ повторно ќе биде организиратор на играта на Охрид. Црногорскиот ракометар минатата сезона ја заврши предвреме, откако го повреди коленото на дуелот со Вардар. Кривокапиќ се оперираше и најверојатно ќе биде потполно здрав и подготвен за сезоната која доаѓа. Покрај Црногорец на позицијата среден бек играат Мартин Ивановски и Михајло Младеновиќ.
Шилегов, пак, заедно со Наум Костов ќе бидат тандем на десната крилна позиција. Шилегов во Охрид доаѓа од Металург каде ги помина сите младински категории. Шилегов ќе биде замена за Бобан Блажески кој после пет сезони се раздели со Охрид.
Шилегов е прво ново име во охридскиот состав, претходно, договорите со „гладијаторите“ го продолжија Иван Тасески, Крсте Андоновски, Јагош Брауновиќ, Филип Николов и Мартин Манасков.
OhridNews