Во сабота во рамките на 22-то коло екипата на ГРК Охрид ќе го одигра последниот натпревар на домашен терен во регуларниот дел во Супер лигата против екипата на Еурофарм Пелистер 2. Филип Кривокапиќ за утрешниот натпревар вели дека ова е значаен натпревар како за нив така и за нивниот противник.

Крајниот исход ќе одчучува дали ние ќе ја задржиме 5 позиција и дали тие ќе се искачат на 3 позиција. Кога е во прашање екипата на Еурофарм Пелистер 2 секогаш резулатот бил неизвесен. Клучни биле еден или два гола разлика и два пати имаме завршено нерешено. Пред сѐ, мислам дека ќе одлучува одбраната. Многу е важно да одиграме јака и цврста одбрана со можност за полу-контра и контра напад до лесни голови. Имавме интезивни тренизи и видео анализа.

Сигурно дека нѐ очекува еден неизвесен натпревар и одлична атмосфера на трибините, вели Кривокапиќ, на кои ќе бидат нашите „РИБАРИ” и навивачката група „Чкембари”.

Ја остваривме првата цел која ни беше зацртана, а тоа беше влез во плеј-оф. Нашите амбиции и желба во клубот да бидеме што погоре на табелата остануваат и понатаму. Се надевам дека ќе победиме и ќе славиме со нашата публика.

Натпреварот е со почеток во 18:30 часот, влезот е 50 денари.

OhridNews