Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “ насилство“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против три лица од Охрид.
На 8- ми август околу 2 часот, пријавените заедно со уште неколку лица, во ноќен клуб , физички нападнале лице од Охрид удирајќи го со раце и нозе во пределот на главата и телото. Од силината на ударите повредениот паднал во бесознание по што веднаш е пренесен во Општата болница во Охрид. Потоа пријавените ја нападнале и девојката која се обидела да ги спречи и да го заштити нападнатото лице. Притоа и таа се здобила со повеќе удари со раце и нозе и со влечење за коса била изнесена надвор од објектот.
Истиот ден, од страна на СВР Охрид пронајдени се и приведени осомничените по што било извршено препознавање и идентификација на лицата учесници во нападот.
OhridNews