Кривична пријава е поднесена и против Н.Н.(17) поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело „Овозможување на употреба на наркотични дроги„.
На ден 22 Мај оваа година, првопријавениот Р.Т од Охрид, по цена од 3оо денари му продал помала количина наркотична дрога Марихуана на А.Л(21) од Охрид. При преглед врз истите, пронајдени се двете пакувања со околу 1,7 грама исушени и издробени делови од растението „Канабис сатива„ 15 најлонски „зипер„ кесички погодни за пакување на наркотична дрога, три банкноти од по 100 денари и други предмети.
Првопријавениот, на ден 7 Јуни оваа година, му продал опојна дрога марихуана и на второ пријавениот-малолетникот Н.Н(17) од Охрид. Истиот, купената Марихуана ја поделил односно им овозможил да ја злоупотребуваат на неговите другари: Џ.Љ.(22) Д.Ч.(17) и Ј.Б.(16) сите од Охрид. Сите тие, се затекнати од страна на полициските инспектори во моментот на злоупотреба на mарихуаната помеѓу зградите на улицата „7 Ноември„ Од нив одземени се рачно изработени цигари со мешавина од тутун и Марихуана и алуминиумска фолија со траги од Марихуана.
Неофицијално дознаваме дека пријавениот за овозможување на употреба на наркотични дроги, бил инволвиран и во инцидентот што неодамна се случи за време на екскурзијата на учениците од охридската гимназија во Прага, кога неколкумина средношколци беа фатени од хотелското обезбедување како користат опојна дрога – марихуана. Веројатно ова фрла нова светлина во случајот што ја вознемири охридската јавност, а епилогот, како што најави раководството на Гимназија, ќе се знае до крајот на оваа недела кога треба да заседава Научно наставниот совет.
Зачестените инциденти во кои во нарко-мрежата се фаќаат и малолетници треба да го вклучи алармот кај институциите, но и кај родителите, посочуваат експертите, според кои семејството е првата бариера против едно од најголемите зла на денешницата – дрогата. Но токму родителите ги немаше на отворањето на кампањата за борба против дрогата што во организација на СВР Охрид, ОБСЕ , Црвениот крст и познати лица од јавниот, спортскиот и културниот живот од Охрид се одржа на градскиот плоштад минатиот викенд. Тоа е очигледен индикатор дека родителите се многу малку свесни за опасностите кои ги демнат нивните деца, што налага поширока општествена активност за подигнување на јавната свест за проблемот со употребата на дрога меѓу малолетната популација.
извоор: СВР- Охрид