СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При претрес кај него и во неговиот дом во Охрид, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид пронајдоа и одзедоа кокаин, информираат од СВР Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава и против 30 годишно лице од селото Требеништа, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик, по што му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со оружје при СВР Охрид пронајдоа и одзедоа автоматска пушка, пиштол, ловечка пушка и повеќе куршуми со различен калибар, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews