СВР Охрид поднесе кривична пријава против 29- годишен охриѓанец поради сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и против уште едно лице за „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

Во Охрид на булеварот „Туристичка“ од страна на полициски службеници при извршен преглед над патничко возило, управувано од едно од лицата, а во кое бил и другиот пријавен и уште едно лице на кое му овозможиле да ужива хероин во возилото, кај едниот од нив биле пронајдени 0,98 грама хероин набавени од непознато лице.