СВР Охрид поднесе кривична пријава против двајца охриѓани, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените, на 28.04.2020 година околу 17,30 часот, биле затекнати на улицата „Андреа Јованоски“ во Охрид, без соодветна дозвола издадена од надлежен орган за движење за време на полициски час, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.


Инаку, во текот на изминатото деноноќие (24/25..2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус, на подрачјето на СВР Охрид, осум лица не ја почитувале забраната за движење. Од нив 4 од Охрид, едно од Струга и три од Кичево. Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава.

Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 73 контроли врз лица во изолација (Охрид-43, Струга-15, Кичево-15), три контрола врз лицата во самоизолација (Охрид-2, Струга-1) и 36 контроли на угостителски и други објекти.

OhridNews