СВР во Охрид поднесе кривична пријава против Ј.П.(46), финансиски директор на ХК „Отекс“ – Охрид и Р.Б.(46), генерален директор на ХК „Отекс“ – Охрид, за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“.
Првопријавениот во периодот од 11 март 2005 до 16 февруари 2006 година, во шест сметкопотврди од ТДУТ-хотел „Два Бисери“ внел невистинити податоци за остварени ресторантско-угостителски услуги во ХК „Отекс“ – Охрид и неовластено ги заверил со свој потпис, а потоа од благајната на ХК „Отекс“ подигнал и противправно присвоил 20.180 денари. Второпријавениот една од фалсификуваните сметкопотврди ја употребил како вистинита и од благајната подигнал и противправно присвоил 4.680 денари, се појаснува во соопштението од МВР.