СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Н. (28), А.Ф. (25), Д.Л. (26) и А.В. (26), сите од Охрид, за сторени кривични дела „убиство“ во обид, „предизвикување општа опасност“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 4 март годинава, на улицата „Туристичка“ во Охрид, по претходна вербална расправија, настаната е вооружена престрелка помеѓу пријавените во која А.В. бил тешко телесно повреден и пренесен во Клинички центар-Скопје, а со повреди се здобиле и Д.Н. и А.Ф.
На местото на настанот пронајден е еден пиштол, а при претрес во домот на А.Ф. е пронајдена автоматска пушка, кои се предадени за вештачење. Од страна на истражен судија на Д.Л. му е одредена мерка притвор од 30 дена.