Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави против три лица од Пештани кај кои  при неодамнешната акција на полицијата биле затекнати поголеми количини риба во период кога риболовот целосно е забранет. Ова денеска го изјави министерката за внатрешни, Гордана Јанкуловска, при посетата на Охрид и Струга.


Кривични пријави за рибокрадците-министерката Јанкуловска

Полицијата и натаму ќе презема акции за спречување на рибокрадството во што поголема заложба треба да покажат и локалната самоуправа и граѓаните, додаде Јанкуловска.Таа денeска беше во посета на општината Струга каде се сретна со градоначалникот Рамиз Мерко. На средбата станало збор за соработката на полицијата и локалната самоуправа при што биле разменети мислења. Јанкуловска попладнево ја посети и Езерската полиција во Охрид каде се информираше за тековните работи во оваа полициска станица и за активностите кои се преземаат за спречување на рибокрадството.


Јанкуловска се сретна со Мерко

Г.М.