Во периодот од 2005 до 2006 година, првопријавениот во својство на Извршен генерален директор во АД Слобода Охрид, искористувајќи ја службената положба и овластување, ги злоупотребил средствата во износ од 3.000.000 денари добиени од продажба на имот сопственост на АД Слобода и наместо да ги внесе на жиро-сметка на фирмата, тој како физичко лице ги употребил на Берза за купување на акции од АД Слобода со што се стекнал со лична корист. Тој,составил лажна – фиктивна тројна компензација помеѓу АД „Слобода“ Охрид и фирмите ,,Фриго трејд“, од Неготино и ,,Мак Вуд“, од Охрид без да постојат должничко-доверителни односи.
Истата, книговодствено била евидентирана дури во Февруари 2007 година со цел фиктивно да ја затворат обврската на една од фирмите во износ од 3.000.000. денари кои претходно првопријавениот ги примал од третопријавениот заради купување на доминантниот пакет акции од 53,52 % од капиталот на АД Слобода со кои тие го презеле управувањето во АД „Слобода“.
Во извршувањето на дејствијата на првопријавениот му помагал и второпријавеното лице. Тој преземал дејства при купување на акциите од Берзата од кои покасно 50 % биле префрлени на негово име со што се стекнал со лична корист.
На првопријавеното лице од страна на истражен судија, одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.