Поради основано сомнение дека е сторител на три кривични дела ,,Тешка кражба“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето Д.В. од Охрид роден 1983 и против лицето Т.К. од Охрид роден 1987 година за сторено едно кривично дело ,, Прикривање“.
Првопријавениот, од мај до септември оваа година, извршил три кривични дела ,,Тешка кражба“, при што одземајќи пари, злато и други вредни предмети се стекнал со противправна имотна корист од 168.ооо денари. Истиот, преку кровна конструкција на објект во изградба, преку таванот, влегол во приватна куќа од каде одзел 1600 евра во различни апоени. По извесно време Д.В. во друга куќа со физичка сила го отворил прозорецот-ролетна, извршил пребарување и го одзел целиот семен накит.
Бидејќи немал лични документи, а со намера накитот да го продаде, првопријавениот Д.В. отишол кај второпријавениот Т.К. на кого му кажал за кражбата на златото и го замолил тој да ја изврши продажбата за што добил награда од 1500 денари. Златните предмети биле продадени во Охрид и Струга.
Првопријавениот, извршил уште едно кривично дело ,,Тешка кражба“ влегувајќи во куќа од неговото соседство преку кровот кој бил заеднички. Од таму одзел 200 метри кабел и ситна покуќнина кои подоцна ги продал.
ohridnews