Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 48- годишно лице од Велес, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При извршен преглед над пријавениот во кутија цигари пронајдени и одземени биле 0,63 грама марихуана, што ја набавил од лице од Охрид за износ од 100 денари.
Кривична пријава е поднесена и против 20- годишен охриѓанец, за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотична дрога“. На паркинг кај плажа во Охрид, при извршен преглед во патничко возило, сопственост на пријавениот кој бил затекнат заедно со уште едно лице , биле пронајден 3,1 грам марихуана.
OhridNews