СВР Охрид поднесе кривична пријава против 22- годишно лице од Кавадарци, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“. На паркинг плац, каде се одржувала забава, од страна на полициски службеници е извршен преглед во патничко возило управувано од пријавениот, а во кое било уште едно лице од Неготино, при што во возилото биле пронајдени четири рачно изработени цигари и еден опушок, кои од извршеното вештачење е утврдено дека се работи за 3,16 грама мешавина од марихуана и тутун.

СВР Охрид поднесе кривична пријава и против 20- годишен охриѓанец , за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“. На ул. „Партизанска“ при вршење преглед над пријавениот и уште едно лице од Охрид, пријавениот позади него фрлил хартиена паковка во која имало 0,76 грама марихуана.

OhridNews