Поради постоење основано сомнение дека се сторители на кривично дело ,,Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, Секторот за внатрешни работи Охрид до Основното Јавно обвинителство во Охрид, поднесе кривична пријава против лицата О.Н. роден 1983 година и Д.Р. родена 1981 година , двајцата од Охрид. 

На ден 29.08.2008 година, околу 23 часот и 30 минути кај лицето О.Н. познат дилер и уживател на опојни дроги, пронајдени се три опаковки опојна дрога-хероин наменети за продажба. Дрогата е одземена во момент на негова средба со лицето Н.Т. од Охрид роден 1975 година исто така познат наркозависник. Претходно, првопријавениот ја посетил второпријавената Д.Р. во нејзиниот дом оставајќи и одредена количина марихуана и хероин.

По извршен претрес во нејзиниот стан, инспекторите од Оделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа пет поединечни паковања опојна дрога хероин подготвени за продажба и опојна дрога-марихуана измешана со тутун,  подготвена за користење. При претресот пронајдени се и дополнителни количини хероин и марихуана наменети за понатамошна употреба.

СВР Охрид ги лиши од слобода двете пријавени лица а Истражен судија при Основниот суд во Охрид, на лицето О.Н. му одреди мерка притвор во траење до 30 дена.  

ohridnews