СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.(36) од Охрид за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци“ и „овозможување на употреба наркотична дрога“. На 02.09.2009 година, околу 17,00 часот во Охрид,  е извршен преглед над пријавениот и од истиот е одземено 0,1 грама дрога-хероин, што ја набавил од лица од Скопје, а била наменета за продажба. Исто така, пријавениот  во неколку наврати на лице од Охрид му овозможил да ужива  метадон, соопшти МВР.

СВР Охрид поднесе кривична пријава И против Ш.Ж.(27) од Струга за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци“. Во септември 2009 година, во Охрид ,  при извршен преглед над пријавениот е одземено 0,9 грама дрога-марихуана, а при извршен претрес во неговиот дом е пронајдено уште 0,5 грама марихуана, што претходно ја набавил од непознати лица од Скопје, информираат од МВР.

Ohridnews