Полициската станица во Струга поднесе кривична пријава против С.Б.(34) од Струга за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотична дрога, психотропни супстанци и прекурсори“. На 30.10.2008 година, во Струга, по наредба на истражен судија извршен е претрес во домот на пријавениот, каде се пронајдени и одземени 19,4 грама мешавина од парацетамол и кофеин.

Во друг случај, струшката полиција поднесе кривична пријава против А.А.(29) од село Франгово-струшко и Л.Н.(57) од Струга за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Во почетокот на 2008 година, А.А. за паричен надомест од 300 американски долари, од Л.Н. набавил пиштол „црвена застава“ и 17 куршуми за истиот, без да поседува дозвола за набавување на оружје.

Ohridnews