Поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела од кои две „лажно пријавување на кривично дело“, едно “несовесно работење во службата” и едно дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48- годишно лице од охридското село Трпејца и 44- годишно лице од Охрид.

Прво пријавениот како генерален директор на АД „ЕМО“ Охрид, а второпријавениот како директор на погон, во текот на декември минатата година со пропуштање на должен надзор или на друг начин несовесно постапувале во вршењето на своите овластувања и должности, со што предизвикале штета на АД“ЕМО“ и се стекнале со против правна имотна корист од 600.000,оо денари.

Двете лица во текот на минатата година, од филијалата на „ЕМО“ во Крушево примиле 100 килограми месинг кој не го пријавиле во службените евиденции. Месингот потоа го продале во претпријатие за откуп на метални суровини од Белчиша што исто така сметководствено и записнички не го евидентирале.

Пријавените, кон крајот на минатата година, во СВР Охрид пријавиле кражба на околу 1500 килограми бакар. Лажното пријавување го направиле  иако претходно со знаење на пријавениот бакарот е продаден во претпријатието за откуп на метални суровини од Белчиша, а потоа препродаден на ДООЕЛ од Скопје.

За извршената продажба на месингот и бакарот, пријавените не составиле записник и не го пријавиле до надлежните служби во АД „ЕМО“.

OhridNews