Министерството за внатрешни работи -МВР поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „изнуда“ против Ч.Е. (30), П.Т. (30 ), Н.О. (27) и „помагање“ против П.Р. (21), сите од Струга.
Во периодот од август 2004 година до крајот на 2007 година, пријавените со сериозни закани дека ќе го лишат од живот и со употреба на физичка сила врз лицето Б.А. од Струга во повеќе наврати изнудиле парични средства, при што се стекнале со противправна имотна корист за околу 646.600 денари.
Истите знаејќи дека неговата мајка работи во Швајцарија, со употреба на физичка сила го присилувале да оствари телефонски контакти со неа и да бара пари, за наводни долгови кој ги имал кон нив. Мајката на оштетениот, случајот телефонски го пријавила во полициската станица во Струга. На 12 јануари 2008 година двајца од пријавените во Струга го пресретнале Б.А и физички го нападнале заканувајќи му се дека ќе го убијат.
Полицијата вчера ги привела лицата П.Т и П.Р и ги предала на надлежен истражен судија од Основен суд Битола каде им е изречена мерка притвор во времетраење до 30 дена, додека по Ч.Е и Н.О се трага.
ohridnews