Секторот за внатрешни работи Охрид, против лицата А.Т. роден 1970 година, М.Т. роден 1983 година, И.Ч. роден 1988 година и М.М. родена 1985 година, сите од Охрид, поднесе кривична пријава, поради основано сомнение дека се сторители  на  кривичните  дела „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „Овозможување на употреба на наркотични дроги“.

На ден 07.11.2009 година, првопријавениот А.Т. на четвртопријавената М.М. и продал околу 10 грама опојна дрога хероин по цена од 3000 денари. Купениот хероин, таа му го предала на второ- пријавениот М.Т. кој претходно и ги дал  парите.

На ден 08.11.2009 година околу 02 часот, кај второпријавениот М.Т. е пронајдена и одземена опојна дрога Хероин. Истиот, во текот на Октомври и Ноември 2009 година, на повеке наркозависници од Охрид им продавал Хероин по цена од 1000 до 3ооо денари за грам.

Второпријавениот заедно со третопријавениот, на повеке наркозависници од Охрид им обезбедувале стан за злоупотреба односно користење на наркотични дроги. Истите, често вршеле размена на опојна дрога хероин за Метадон.